Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет

Членовите на судскиот совет имаат рок од 10 дена да дадат свој одговор откако во петокот пратениците од мнозинството во Собранието поднесоа интерпелација за нивната работа.
Според Деловникот, собранискиот Претседател ќе мора да чека да помине овој рок по што ќе ја закаже собраниската седница.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ во петокот побараа Собранието да им изгласа недоверба на овие претставници во највисокото судско тело кои доаѓаат на предлог токму на законодавниот дом.
Премиерот Мицкоски вчера рече дека е свесен дека тоа нема да значи разрешување на членовите на судски, но дека ќе биде чудно некој да остане на функцијата во ситуација во која органот кој го избрал му изгласал недоверба.
Повеќе детали за тоа како ќе тече овој процес ќе се знаат по денешната координација на пратеничките групи и спикерот Гаши.
Ново на Сител
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
