Се чистат дивите депонии во општина Кисела Вода

Во општина Кисела Вода денеска почна акција за чистење диви депонии, која ќе се одвива наредните неколку дена.
Како што информира општина Кисела Вода, се чисти депонијата на улицата „Герника“, на последната автобуска постојка со број 41 во Драчево. - И покрај сите апели од општината, и покрај засилените инспекциски контроли од оваа локација на секоја акција за чистење се собираат повеќе од 10 тони смет и градежен шут, се вели во соопштението од општина Кисела Вода.
Смет се отстранува и при редовното чистење на каналот на Мала Рада во селото Драчево, но и на повеќе микро локации низ целата општина кои се веќе дефинирани како црни точки.
Општина Кисела Вода информира дека ќе продолжат активностите за расчистување на теренот и апелираат за совесно однесување и за почитување на законските одредби, кои за вакви дела предвидуваат казни во висина од 50 евра за физички лица и 2.000 евра за правни лица.
- Ги охрабруваме граѓаните кои ќе детектираат и директно ќе посведочат на несовесно однесување на одредени граѓани кои незаконски го одложуваат отпадот на јавна површина, веднаш да ги пријават во Комуналната инспекција при општина Кисела Вода, се вели во соопштението од општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
