Се гласа за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 за советници

На шестите локални избори во Македонија што се одржуваат денеска учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Пријавени се 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати за членови на советници на 327 листи.
Под реден број еден на избирачкото ливче е СДПМ, втора е Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четврта Коалицијата за Битола - ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Движење на национално единство на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10-та е ТМРО, 11-та е Демократската партија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, БЕСА е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17, Сојуз на Роми е 18, а СДСМ е 19-та.
Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител, ќе имаат ист реден број во сите општини.
Во трката за градоначалник на Град Скопје се осум кандидати, а поднесени се девет листи за советници. Кандидат за градоначалник на главниот град од Коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов, а од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник Коце Трајановски. Кандидат на Левица е Марија Јонес, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на БЕСА Нафие Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Најрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров. Советнички листи за Град Скопје имаат поднесено коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и ТМРО, ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците и НДМ.
Шестите локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
