Се гради локален пат во кривопаланечка Конопница

Активностите за изградба на локалниот пат во село Конопница во Крива Паланка од место викано Кула (Лиска) до местото викано Стублица се во полн ек, а временските услови овозможуваат да се работи со несмалено темпо, информираат од општина Крива Паланка.
– Имав можност да направам увид во одредени проблематични точки, а разговарав и со дел од месното население. Заедно со службите ги сослушавме граѓаните за да може да го согледаме и надминеме евентуалните недоразбирања околу правните процедури за експропријација на земјиштето, изјави градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кој со претставници на стручните служби од општината извршина увид во активностите на терен.
Патниот правец Кула-Стублица-спој со магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка е со вкупна вредност од околу 10 милиони денари, а финансиските средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
