Се гради мостот на река Брегалница кај Зрновци

Со подобрување на временските услови се интензивираа работите на изградбата на мостот на реката Брегалница во општина Зрновци, кој страдаше од поплавите во февруари 2015 година.
Работите на изградбата на мостот ги изведува конзорциумот „Фресине-Гранит“ од Скопје, чија механизација се наоѓа на тереен.
- Во моментот се изведуваат градежните работи на поставување на главните чипови за поставување на столбовите, кои ќе бидат носители на конструкцијата на мостот. Градежна механизација на конзорциумот „Фресине -Гранит“ е на терен и се поставуваат основите за столбовите на мостот. Реката Брегалница е пренасочена во делот каде што моментно не се работи, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.
Мостот е со должина од 96,5 метри и широчина од 7 метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари, средства обезбедени од Европската унија преку УНДП.
Носители на активностите за изградбата на мостот кој ќе ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделие и општина Зрновци.
Инаку сообраќајот меѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решени на неколку метри под мостот. чија целосната изградба се очекува да заврши до крајот на летото.
Ново на Сител
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
