Се намалуваат нарачките за индустриските производи во Германија
Нарачките од германските производствени капацитети се намалуваат повеќе од очекуваното, објави денеска германското Министерство за економија, додавајќи дека намалувањето од 0,7 отсто се должи на помалата побарувачка дома и во другите земји на еврозоната.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, намалувањето на нарачките е поголемо за 0,2 отсто од регистрираниот пад во декември 2015 година, кога порачките беа помали за 0,4 проценти.
За разлика од нарачките од Германија и од другите членки на еврозоната, побарувачката за германски производи од земјите надвор од заедничката монетарна унија е зголемено за 5,5 проценти, што сепак не придонесува за стабилна општа побарувачка.
Германската Влада неодамна го намали предвидувањето за раст на економијата од 1,8 на 1,7 отсто за тековната година, поради послабиот раст на светско ниво и внатрешните политички тензии.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар