-->
-->
Се наведнал по мобилниот и паднал во бездна - пожарникари три часа го ваделе телото на Милан
-->

Телото на 21-годишниот Милан Милошевиќ од Пријепоље кој пана со автомобилот во провалија длабока 50 метри, едвај било извлечено од страна на пожарникарите. Телото на несреќното момче било пронајдено ури три часа по големата трагедија, за која српските медиуми денеска изнесоа детали.
Милан загинал кога одеднаш му паднал телефонот и се наведнал да го земе. Загубил контрола и паднал во бездната, а другарите кои несреќната среда биле со него, веднаш викнале Брза помош.
Иако шансите да преживее биле минимални, сепак екипите и пожарникарите трагале по момчето на непристапниот терен.
Во Основното Обвинителство велат дека ова било несреќен случај и дека нема да биде отворена истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
