-->
-->
Се обележува патеката до планината Средна во село Разловци
-->
Делчевските планинари ја завршија втората фаза од проектот за поставување информативни табли на планината Средна. Маркирањето на патеката, како што информираше планинарот Љупчо Чучуковски, се реализирало во должина од 12 километри со стартна точка во село Нов Истевник.
– Првата фаза за маркирање на планинарската патека до планината Средна опфаќаше маркирање со ГПС уред како и маркирање на патеката со црвено бела боја според Књефелцовата метода. Патеката започнува од село Нов Истевник, односно Балабанска маала, потоа малку познатиот, но сепак атрактивен локалитет „Истевнички Кукуље“, потоа преку врвот Бејаз Тепе, 1.348 метри надморска висина кој е највисок врв на планината Средна се до крајот на патеката во село Разловци, информира Чучуковски.
На овој начин, како што додаде претседателот на ПСК „Голак“, целта е да се промовира планината „Средна“, а исто така да се збогати и туристичката понуда во Општина Делчево.
-Во идниот период следува третата фаза на патеката, односно поставување на патоказите кои почнуваат од село Истевник до крајната точка село Разловци, додава Чучуковски.
Целосните активности за реализацијана овие активности финансиски се овозможени од страна на локалната самоуправа во Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
