Македонија
3. February 2024 - 11:51

Се обидел да украде „застава“, уапсен кумановец

Вчера во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(30) од Куманово.

Тој се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.