-->
-->
Се одржа Бизнис трката 2017
-->
Вчера се одржа штафетната трка на македонската општествено-деловна заедница во која најбрз беше комбинираниот тим на Министерствата за финансии и образование и наука, а во чиј состав настапи и министерот Драган Тевдовски.
На патеката на кејот на Вардар, кај хотелот Парк во Скопје се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 62 тимови од македонскиот бизнис сектор. Првото место го освои тимот на Министерствата за финансии и образование и наука (УЈП, ОУ Кочо Рацин, Гимназија Никола Карев), втор беше тимот Сивус Спартанс, а третото место му припадна на тимот на Телеком Магента 1.
Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Сања Костуранова од тимот на Сивус кај жените и по втор пат, Игор Стојановски од Халкбанк кај мажите.
На Business Run 2017 учествуваа 62 тимови на познати македонски компании, банки, телеком оператори, градежни, осигурителни, трговски, угостителски и софтверски компании, веледрогерии, болници, медиуми, политички партии, адвокатски канцеларии, стопански комори, образовни институции, амбасади итн.
Ова беше второ издание на трката, чија главна цел е јакнење на тимскиот дух меѓу вработените во компаниите и нивно поврзување со останатите фирми учеснички во трката. Тимовите се со мешан машко-женски состав за да се прикаже реалната слика на работната околина во секојдневното работење на компаниите.
Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228