-->
-->
Се одржа Струмичкиот карневал
-->

Дождливото време не ги спречи карневалистите во Струмица да бидат дел од најголемата маскенбалска манифестација во Македонија.
Четириесет и една група вчера во 18.30 часот тргна на официјалното карневалско дефиле пред повеќе илјадната публика.
Според струмичани, годинава има богати маски кои се продолжување на вековната тримерска традиција.
Девојчиња со кломпи не прошетаа до Холандија, а публиката ја виде и зимската бајка, демоните, боите на бојата, се запозна со струмичките лилјаци...
На дефилето од околу две илјади карневалисти, освен групи од Македонија присуствуваа и гости од Турција, Италија, Бугарија, Хрватска, Србија и Албанија.
Фестивалските денови продолжуваат денеска со детскиот маскенбал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
