-->
-->
Се огласи Меси: Кристијано, опорави се што е можно побрзо
-->
Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона, се огласи во пресрет на големото дерби на шпанскиот фудбал помеѓу Барселона и Реал.
На ред е 245-тото дерби меѓу двата тима е во ред, а ќе се одигра во сабота, на 24 октомври во 16 часот, на стадионот „Камп Ноу“.
Три дена подоцна, во Лигата на шампионите, Барселона ќе му гостува на Јувентус во второто коло од групното натпреварување во Лигата на шампионите.
Средбата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо се очекуваше долго време, но очигледно тоа нема да се случи поради Португалецот, кој повторно беше позитивен на коронавирус.
Во разговор за „ДАЗН“, Меси потсети на претходните пресметки со Роналдо, во периодот кога Португалецот го носеше дресот на кралскиот клуб од Мадрид.
– Тој дуел со Кристијано Роналдо беше нешто посебно, тој останува засекогаш. Тоа траеше многу години, и на тоа ниво не е лесно да се игра многу години. Нашите тимови исто така бараа многу, тоа се Реал Мадрид и Барселона, двата најсилни клуба во светот. Оние наши натпревари кога бевме подеднакво силни ќе ги паметиме долго време. Дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и мене беше важен и на личен план и мислам дека луѓето уживаа. Фановите на Реал Мадрид, навивачите на фудбалот во Барселона, ги следеа големите натпревари. Се надевам дека и следното дерби ќе биде подеднакво емотивно, вели Меси.
Пред дуелот од Лигата на шампионите, следната среда, со Јувентус, Аргентинецот истакна: „Кога Кристијано играше за Реал, натпреварите беа нешто посебно, со него на теренот, сè секогаш имаше посебно значење. Сега е минато, се радуваме на нов предизвик. Требаше повторно да се видиме во среда, се надевам дека Кристијано ќе биде таму и дека наскоро ќе се опорави од коронавирусот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
