Се оплеменува просторот околу Спомен костурницата во Неготино
Се оплеменува просторот околу Спомен костурницата во Неготино на површина од четири хектари, информираше денеска неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов и појасни дека проектот се реализира заедно со Вардарскиот плански регион, Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а инвестицијата чини четири милиони денари.
- Ќе бидат вградени неколку содржини. Во долниот дел ќе има фонтана и амфитеатар, а на горниот дел околу спомен костурницата ќе има неколку спортски содржини. Едно игралиште за одбојка на песок, игралиште за кошарка и простор за шах, таму сите заинтересирани ќе имаат прилика да се рекреираат. Ќе има и клупи покрај просторот за трчање, друга урбана опрема и реквизити за најмладите, соопшти Апостолов.
Според него во зависност од временските услови до крајот на годината би требало комплетно да се завршат земјените работи кои се дел од овој проект.
-За Неготино оваа голема зелена паркова површина ќе значи многу, бидејќи токму овде граѓаните ќе можат да поминат дел од слободното време, нагласи градоначалникот.
Ново на Сител
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?