Се подобрува прегледноста на магистралата во Делчево
Екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ од Делчево почнаа акција за расчистување на надвиснатите гранки на булеварот што е дел од магистралниот пат А3 во централното подрачје во Делчево.
Како што информираа од претпријатието, акцијата се реализира по претходна реакција на дел од возачите на товарни возила на кои надвиснатите гранки им го попречуваа движењето во сообраќајот.
– Со оваа акција освен што е подобрена прегледноста на сообраќајниот патен правец, се добива и еден урбан лик на булеварот по кој поминуваат возилата кои од граничниот премин се движат кон останатите делови во државата. Ваквата акција ќе продолжи долж целиот булевар, информираат од претпријатието.
Ова се само дел од активностите на претпријатието што ќе продолжат во наредниот период. Со најавеното затоплување на времето акциите ќе продолжат со расчистување на надвиснатите гранки и во останатите делови од Делчево, а најавено е и пролетно раззеленување на цветните површини во градот.
Ново на Сител
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари