Се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците

Даночни олеснувања за земјоделците со кои се очекува повеќе пари да останат кај оваа категорија граѓани, најавија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Така, се намалува прагот за регистрација на земјоделците од сегашните 1.300.001 денар на еден милион денари, а поврат на персонален данок ќе се врши за остварени приходи од земјоделска дејност до еден милион денари.
Услов е земјоделците да немаат остварено други приходи во текот на годината и да немаат даночен долг кон Управата за јавни приходи.
Повратот на платениот данок ќе го врши Управата за јавни приходи по истекот на годината во која е направен приходот.
- Заради понатамошно поедноставување на постапката за поврат на данок за остварени приходи од земјоделска дејност до еден милион денари предвидена е измена и во Законот за даночна постапка со која Управата за јавни приходи ќе може да го изврши повратот на овие средства по службена должност, а тоа подразбира дека овие граѓани ќе немаат обврска да доаѓаат во Управата и да поднесуваат барање за поврат што само по себе одзема време и предизвикува трошоци на земјоделците и на органот кој треба да води постапка по нивното поднесување, појасни директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој присуствуваше на прес-конференцијата заедно со директорката Лукаревска, очекува дека до крајот на годината ќе се знае колку земјоделци ќе бидат опфатени со оваа мерка и колку повеќе средства ќе бидат вратени кај земјоделците.
Ново на Сител
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Запленети пури во вредност од четири илјади евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
