Се преврте комбе со мигранти кај Струмица
Седум мигранти се повредени откако синоќа околу 20:50 часот се превртело комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
Возачот на комбето побегнал, а увид на местото на несреќата извршиле полицијата и јавен обвинител.
Во извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари од Територијалната против пожарна единица на Струмица, кои употребиле специјални хидраулични алатки за извлекување на патниците.
Ова е втора несреќа за два дена во која учествуваат возила кои превезуваат мигранти. Возач на комбе полно со мигранти завчера предизвика тешка сообраќајка на една од главните улици во градот при што беа повредени поголем број мигранти.
Ново на Сител
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
