Се простија од познатиот пејач: Солзи и лелеци на комеморацијата на Цуне
Комеморацијaта по повод смртта на Предраг Гојковиќ Цуне се одржа денеска напладне, во салата на Радио Белград, и неговите пријатели, колеги и членови на семејството се простија од славниот српски пејач.
Од Цуне се простија бројни колеги и пријатели: Бора Дугиќ, Горчин Стојановиќ, Цаци Михајловиќ, Мерима Његомир, Небојша Бардиќ, Вера Матовиќ, Драган Вујошевиќ...
Неговата сопруга Лепосава и черката Катарина се неутешни, солзите постојано им течат по лицата, а пријателите се тука за да им дадат поддршка.
Комеморацијата ја отвори пејачката Мерима Његомир и ги замоли присутните за минута молк.
-Цуне беше голем уметник, песната неговиот живот. Ми беше пријател и пример. Тажна сум и за него тешко е да се каже дека е покоен, зошто ни остави толку могу песни кои ќе ги слушаат и новите геенрации, рече пејачката.
Легендата на српската народна музика Предраг Гојковиќ Цуне почина на 85 години.
Плач и лелеци се слушаа во салата кога е пуштена снимката од последното гостување на Цуне на РТС. Најпотресено беше семејството на големиот пејач, а сопругата цело време ја држеше во рака чашата...
Овој момент тешко го поднесе и Лепа Лукиќ која не можеше да ги запре солзите.
Никој од членовите на семејството немаше сили да говори на комеморацијата...
Веднаш по комеморацијата, на Новите гробиште Цуне ќе биде погребан во Алеата на великаните покрај актерите Бата Живојиновиќ и Драган Николиќ.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар