Се работи на нов мост и проширување на регионалниот пат кон договорениот граничен премин „Пулево“
Се работи на нов мост во кавадаречкото село Ваташа и проширување на регионалниот пат кон договорениот граничен премин „Пулево”, кој треба да се гради на македонско-грчката граница.
– Овде се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет. Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање. Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Во село Ваташа се работи и на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“.
-Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште. На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито со потребните каскади и се оформени контурите. Според проектот, новиот кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“, до последниот мост на регионалниот пат, е во должина од 770 должни метри. За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Општината Кавадарци започна со реализација и на нов комунален проект.
-Ангажираната оператива работи на расчистување на стариот тротоар на десната страна од улица „Страшо Пинџур“ во правец на Ваташа. Во наредната фаза на овој потег ќе се постават нови рабници, нов тампон и павер елементи. Со овој проект општината ќе создаде поголема безбедност за движење на пешаците како урбанизирање на просторот, информираат од локалната самоуправа.
Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ реализира и проект за реконструкција на водоводната линија на улица „Перо Видев“ во Ваташа. Според проектот, се работи за замена на последните 200 метри водоводна линија од азбест-цеметни цевки во селото. На нивно место е поставена нова линија од ПВЦ цевка. Со овој зафат општината на жителите од овој дел на Ваташа им обезбеди снабдување со здрава вода за пиење по еколошки стандарди.
На улицата „Ѓуро Салај” се поставуваат детски играчки, донација од ПАКОМАК, рекоа од кабинетот на градоначалникот.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи

