Се распадна системот кој требаше да го чисти Тихиот Океан
Системот кој требаше да го исчисти Тихиот Океан од пластичен отпад, се распадна меѓу Калифорнија и Хаваите и ќе биде одвлечен на копно за да се поправи.
Холандскиот пронаоѓач Бојан Слат, кој го иницираше проектот за чистење на Пацификот, за Ен-Би-Си њуз изјави дека системот, кој е долг 600 метри ќе се влече 1.300 километри до Хаваите.
Ако таму не може да се поправи, ќе се врати во почетното пристаниште Алемида во Калифорнија.
Системот се распадна по постојан ветар и бранови во Пацификот.
Слат рече дека е разочаран, но не и обесхрабрен. Тој вети дека операциите ќе продолжат веднаш штом ќе биде можно.
– Ова е сосема нова категорија на машина која таму се наоѓа во екстремни услови, рече Слат.
Целта на неговиот проект беше од океанот да се отстрани големиот „пацифички килим од отпад“ кој е потежок од три тони, а се формирал со децении.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива