Се расправал и тепал со колегите, а имал и нож - Приведен пожарникар од Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (38) од село Велгошти-охридско поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “загрозување на сигурноста” и “насилство”.
На 11-ти овој месец во Територијалната противпожарна едница Охрид пријавениот, кој бил на работно место пожарникар, упатил сериозни закани по животот на неговите колеги Д.Г. (49) и Н.Љ. (45), а на 13.02.2018 година Ј.К. кога не бил на должност дошол во просториите на Територијалната противпожарна едница и упатил закани по животот на П.С. (61), М.Г. (48) и Д.Г. (49) и физички го нападнал Д.Г. по што бил спречен од вработените.
Од страна на полициски службеници биле преземени мерки и пријавениот бил лишен од слобода, а при извршен преглед кај него бил пронајден нож.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
