Се реконструира спортската сала во штипското основно училиште „Ванчо Прќе“
Почна реконструкцијата на спортската сала во едно од најголемите и најстарите основни училишта во Штип. Директорката на ООУ „Ванчо Прке“–Штип Весна Ничева на прес-конференција истакна дека од денеска се заменуваат прозорците со цел учениците да имаат современи услови за одржување на редовната настава по физичко образование и воспитание.
- Во спортската сала во ООУ „Ванчо Прке“ старите и дотраени прозорци се заменуваат со нови, а исто така во училишниот двор на спортското игралиште е направена промена на оградата така има една поубава слика на спортскиот терен. Инвестицијата е вредна околу еден милион денари, рече Ничева.
Маја Ашкилова, советник за спорт во општина Штип информира дека обезбедени се околу 2,8 милиони денари од Министерството за образование и наука за реконструкција на спортските сали и изградба и реконструкција на отворените спортски терени во основните училишта.
- По реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Ванчо Прке следна реконструкција е на спортската сала во ООУ „Тошо Арсов“. Се градат и спортски терени во подрачните училишта во селата Селце и Лакавица, Чардаклија и во Шашаварлија. Во моментов се работи на реконструкција и на спортските соблекувални во ООУ „Димитар Влахов“, рече Ашкилова.
Таа додаде дека општината заврши со оградување на спортскиот терен во населбата Горна Железничка, а во моментов се работи на оградување на игралиштето во населбата Ново село. По завршување на овој спортски терен екипите ќе работат и на спортските игралишта во населбата Пребег, Дузлак и во село Караорман.
Ашкилова информира дека останува да се реконструира и спортската сала во Средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, каде што треба да се санираат подот и прозорците.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје