Македонија
24. April 2024 - 22:01

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се собираат поддржувачи на кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во пресрет на резултатите од првиот круг на претседателски избори.

Според последните податоци на ВМРО-ДПМНЕ, од 75 проценти обработени податоци од избирачките места, нивната кандидатка води со над 150 илјади гласови.

Во 22 часот е најавена прес- конференција на Силјановска Давкова.