Се слушна силен звук, како гром, а тогаш видов пилоти како паѓаат: Страшно сведочење за трагедијата кај Ковачица

Слушнав силен звук, како гром да удри негде, погледнав нагоре и видов два падобрани како паѓаат, раскажува Владимир Кухариќ, сведок на трагедијата кај Ковачица во која во пад на авион животот го изгуби еден пилот, додека другиот е во тешка состојба.
- Се наоѓав на улица, разговарав со пријатели кога ги здогледавме падобраните на небо. Помисливме дека станува збор за некоја вежба, но пола час подоцна слушнавме дека паднал авион - вели тој.
Објаснува дека луѓето кои работеле во околните ниви притрчале во помош на пилотите.
- Потоа и ние отидовме до местото. Тука беше авионот, но не се гледаше бидејќи од падот на земјата буквално се забил во земјата. Видовме кацига, седиште, делови од падобран. Јас авионот не го видов, но разговарав со пријателите кои го виделе и кажаа дека летал многу ниско - вели Кухариќ.
Сведок на трагедиајта објаснува дека местото на падот на авионот е одалечено скоро еден километар од местото на падот на вионот.
Другиот сведок, Јан Болјарац, вели дека во моментот на несреќата се наоѓал во полето и дека видел како пилотот и копилотот се спуштиле со падобран на земјата.
- Веднаш отрчав, двајцата беа живи. Веднаш повикавме итна помош, меѓутоа кога стигна едниот веќе беше починат.
Како што пишуваат српските медиуми, преживеаниот пилот Александар Матиќ е примен на ВМА со бројни скршеници и е во тешка состојба.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
