Се уредува пешачкиот дел на штипскиот Градски стадион

Штипското претпријатие „Стипион 2011“ и Општина Штип работат на доуредување на пешачкиот дел на градскиот стадион. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес конференција рече дека се работи за поставување на бехатон и тампонирање на дел од пешачките патеки во стадионот.
–Се работи за поставување нова подна површина на источната трибина на влезот на стадионот, но и на сите околни стази што стручните луѓе навистина правеа проблем и поради тоа сите површини во близина треба да бидат покриени со бетонска подлога, бехатон или тампонирање. Паралелно со тоа ќе се работи и на санација на потпорните ѕидови што беа дотраени и срушени, вели Бочварски
Инвестицијата на Општина Штип изнесува околу 1,5 милиони денари. Бочварски потенцираше дека паралелно со инвестициите на Општина Штип, голема поддршка за реконструкција на овој терен дава и спонзорот и сопственикот со 51 отсто од акциите на ФК Брегалница, компанијата КИТ-ГО и нејзиниот сопственик Кирил Гогов.
Бочварски најави дека наредната година се очекуваат и сериозни реконструкции на трибините, според проектот што општина Штип го има и го презентираше пред граѓаните.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
