Се уште нeизвесна судбината на Хрватот киднапиран во Египет

Судбината на 31-годишниот хрватски државјанин Томислав Салопек, кој на 22 јули беше киднапиран во Египет од припадници на египетскиот огранок на џихадистичката група Исламската држава, останува неизвесна и покрај напорите на Загреб и Каиро за решавање на оваа тешка ситуација, јави Танјуг.
Египетските власти ја интензивираа потрагата по Салопек, во која се вклучени и хеликоптери од типот „Апачи“, а безбедносните сили претресоа неколку локации, кои важат за упоришта на терористите.
Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави дека егитеските сили претресле повеќе локации во градовите Шеик Зувеид, Рафах и Ариш, во обид да го откријат местото на кое џихадистите го држат Салопек.
Француската амбасадорка во Хрватска, Мишел Бокоз синоќа изјави дека во „последните николку часа дошло да значаен напредок“ во преговорите со екстремиситите за ослободување на киднапираниот Салопек.
- Француската Влада е во контакт со египетските колеги и можеме да кажеме дека египетските власти во моментов се клучниот фактор. Тие упорно работат на случајот и колку што ни е познато во последниве часови доста напредуваа, така што сме сигурни дека ќе направат се што е во нивна можност за да го ослободат господин Салопек, изјави Бокоз.
Салопек, кој работи за една француска компанија во Египет, беше киднапиран во близината на Каиро, по што во средата џихадистичката група, која себе си се нарекува Провниција Синај на Исламската држава, на интерент објави видео во кое се тврди дека 30-годишниот Хрват ќе биде убиен, доколку во рок од 48 часа египетските власти не ги ослободат од затворите „муслманските жени“.
Крајниот рок на ултиматумот истече во петокот во 17:35 часот по средноевропско време, ни засега нема официјални информации за судбината на Салопек.
Хрватските медиуми вчера повикувајќи се на сајтот Њуздеј247, објавија дека џихадистите го убиле Салопек и дека наводно се појавиле и фотографии на обезглавениот Хрват, но веродостојноста на овие информации не е потврдена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
