Се враќаат дел од евакуираните во пожарите во Калифорнија
Дел од околу 200.000 жители на Калифорнија кои беа евакуирани поради четири големи пожари кои горат во оваа американска сојузна држава добија дозвола да се вратат во своите домови, а опасноста од огнената стихија ќе трае до недела, според најавената временска прогноза.
Американските медиуми јавуваат дека гори подрачјето од Лос Анџелес по брегот на Ппацификот, се до областа Санта Барбара. Според некои медиуми, во пожарите досега се уништени околу 150 куќи и зафатени се огромни површини.
За првпат наредена е и евакуација во областа Санта Барбара, а дел од автопатот меѓу Санта Барбара и Вентура на периоди се затвора поради налети на огнот преку автопатот.
На околу 300 жители на крајбрежниот град Карпинтерија синоќе им е наредено да го напуштат градот пред изгрејсонце, додека противпожарните служби се борат со огновите кои се доближиле на само неколку километри од градот.
Американската метеоролошка служба соопшти дека се очекуваат опасни налети на ветар, но и дека пожарите нема да достигнат историски размери, како што се очекуваше претходно.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?