Се запали автобус полн со ученици во штипско, еве ги деталите
Изгоре автобус на регионалниот пат Штип-Неготино, на клучката кон штипското село Пиперово, кој превезувал ученици на екскурзија. Повредени патници нема.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека настанот е пријавен во 10.10 часот од страна на Територијалната Противпожарна единица-Штип, којашто веднаш излегла на местото на настанот.
Според информациите од директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Трајче Димов утринава околу 40 ученици од трето одделение заминале на настава во природа во штипското село Пиперово. Наставниците и возачот на автобусот забележале дека автобусот чади, со што веднаш учениците излегле од автобусот и заминале кон селото, а возачот веднаш ја повикал противпожарната единица.
Димов вели дека децата не присуствувале на моментот кога автобусот се запалил и изгорел.
Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова рече дека во тек е истрагата, а основен јавен обвинител врши увид на местото на настанот, по што ќе имаат подетални информации за причината за пожарот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
