Се запали двокатен автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени
Двокатен автобус со број 5 на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје се запали изутринава во населбата Ѓорче Петров. Нема повредени патници. Причинета е само материјална штета.
Автобусот сообраќал од населбата Ѓорче Петров кон Ново Лисиче. Пожарот е пријавен во 09:25 часот во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, која интервенирала со две возила и шест пожарникари.
Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека возачот на автобусот за време на возењето забележал чад од горниот дел на возилото по што застанал и со ПП апарати интервенирал. Во меѓувреме забележал и искрење по што повикал екипа на Противпожарната бригада.
Внатрешната контрола на ЈСП Скопје е излезена на терен и се утврдуваат причините за пожарот.
Во моментов, на терен се врши увид и од екипа на МВР.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип