Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата

Територијалната против пожарна единица Велес, синоќа, во 23:00 часот примила дојава за многу чад на улица „Никола Оровчанец“ во населба Дворови во центарот на Велес и со брза интервенција го изгаснала оџакот и спречила да се прошири и ја зафати куќата.
Како што денеска информираат од Територијалната противпожарна единица од Велес, тројца пожарникари со едно против пожарно возило веднаш излегле на лице место. По пристигнување на локацијата од нивна страна било утврдено дека гори оџак од куќа, којшто со нивна брза интервенција бил пригушен и изгаснат.
- Благодарение на брзата интервенција не е дозволено пожарот да направи поголема штета, потенцираа од ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да се јават на бесплатниот телефонски број 122 или 193.
Воедно апелираат до граѓаните да си ги исчистат оџаците, бидејќи поради нечисти оџаци, истите во зимскиот период често се палат и можат да ја зафатат и опожарат и куќата.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
