Се зголемува водостојот во акумулацијата Калиманци
Обилните врнежи од дожд присутни последниве неколку дена на подрачјето од Источна Македонија, придонесоа да се зголеми водостојот на водотеците и реките од регионот. Ова особено се однесува на реките Каменичка и Брегалница кои се вливаат во акумулационото езеро Калиманци.

Од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани информираат дека во моментот во Калиманци има акумулирано 75 милиони метри кубни корисна вода. Зголемувањето на количините на вода, според денешните утрински мерења, изнесува 11 метри кубни вода во секунда.
Паралелено со акумулирањето на водите од водотеците и реките од регионот, додаваат, од акумулацијата Калиманци за потребите на површините под ориз се испуштаат потребните колични на вода. Така по десниот магистрален канал од утрово се испуштаат по 4 метри кубни вода во секунда. Вака намалените количини на вода се испуштаат од причина што земјоделците на голем дел од површините под ориз го вршат прскањето против плевелите и другите штетници кај оризовата билка. По левиот магистрален канал од утрово се испуштаат само 100 метри кубни вода во секунда за полевање на нивите под ориз.
Од Водостопанство „Брегалница“ истакнуваат дека расположивите количини на корисна вода во акумулацијата Калиманци од 75 милиони метри кубни ќе бидат доволни за успешно завршување на наводнителната сезона кај оризовата култура и во најсушните денови од летото.
Под ориз пролетва во регионот се насеани 2.500 хектари, двојно помалку од планирањата на почетокот на сезоната. Рестрикциите се направени поради немање доволни количини на акумулирана вода во акумулацијата Калиманци.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
