Фудбал
12. January 2025 - 17:35

Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија

Тренерот на ФК Вардар, Гоце Седлоски на денешната прес-конференција изјави дека очекува борба за опстанок, но изрази оптимизам и дека тимот може да го врати својот статус во македонскиот фудбал.

- Секој натпревар во втората полусезона за нас ќе биде како финале. Ќе го нападнеме и трофејот во Купот на Македонија. Верувам дека имаме потенцијал, но ни се потребни уште два-три фудбалери за да го комплетираме составот и да бидеме конкурентни. Нашата цел е да го кренеме Вардар на ниво кое му доликува, изјави Седлоски на денешниот брифинг.

По 18 одиграни кола, Вардар се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 13 освоени бодови.