-->
-->
Седлоски нов тренер на Вардар
-->
Гоце Седлоски е нов шеф на стручниот штаб на Вардар.
– АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот, објавија утрово „црвено-црните“ на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Седлоски на тренерската позиција во Вардар доаѓа на местото на Срѓан Захариевски со кого вчера беше прекината соработката.
Вардар го доби четвртиот тренер од почетокот на сезоната. Пред Седлоски и Захариевски, тимот го водеа Горан Петрески и Горазд Михаилов.
Старо-новиот тренер на Вардар доаѓа во време кога тимто се наоѓа на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со освоени осум бода по 13 кола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
