Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, ќе се обрати Мицкоски
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи шестата седница на Генералното собрание на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа.
Делегатите на ова највисоко тело на ЗЕЛС, составено од сите градоначалници во земјава, како и од членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС, како што е најавено, ќе ги разгледаат и важните извештаи од работењето на Заедницата.
Од ЗЕЛС соопштија дека пред делегатите ќе се обрати претседателот на Заедницата, Орце Ѓорѓиевски, како и мандатарот за формирање на нова влада, Христијан Мицкоски, кој ја прифатил поканата од ЗЕЛС да ги изнесе ставовите и заложбите на идната извршна власт за обезбедување на взаемна соработка за унапредување на процесот на децентрализацијата на власта во земјата и обезбедување на подобра финансиска стабилност на општините.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.