Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, како и Законодавно-правната комисија.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежни производи во второ читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за економски прашања.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2020 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2020 година, Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2020 година.
Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, ќе расправат за повеќе точки, меѓу кои предлог законите за дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, на Законот за високото образование, на Законот за административни службеници , во второ читање.
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
