Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, транспорт, врски и екологија, земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, меѓудругите, ќе бидат разгледани предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лизинг, Законот за ревизија, Законот за чек, Законот за меница и Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, сите по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за високото образование, Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, Законот за наставниците во основните и средните училишта, Законот за учебници за основно и средно образование... исто така, сите во скратена постапка и во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за транспорт и врски меѓудругите се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за заштита на природата, Законот за генетски модифицирани организми, Законот за водите, во скратена постапка и во второ читање.
Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство пак ќе расправаат по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за ловството и Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, двата во скратена постапка.
На седницата на Законодавно-правната комисија се предлог-законите кои се на дневен ред на останатите работни тела на Собранието.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
