Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
На дневен ред на седницата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите е Информацијата за состојбите во Оперативно-техничката агенција – Скопје.
Членовите на Комисијата за економски прашања треба да расправаат за измените и дополнувањата на Предлог-законите за државна статистика, за електронска трговија и на Законот за туристичката дејност, сите во второ читање. На дневен ред на оваа седница се и измените на Предлог-законите за угостителската дејност, за индустриската сопственост и за таксата за привремен престој, сите во второ читање.
Законодавно-правната комисија, како што е најавено, треба да одржи две седници, 215-та и 222-та. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, по скратена постапка – II читање, поднесен од пратеникот Самка Ибраимоски е единствена точка на дневен ред на 215-та седница.
Членовите на Законодавно-правната комисија на 222-та седница ќе расправаат по предлог-измените и дополнувањата на законите за безбедност и здравје при работа, за приватните агенции за вработување, за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, сите по скратена постапка. Ќе се дискутира и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка поднесен од пратениците Мира Стојчевска, Кети Смилеска, Татјана Прентовиќ, Реџаиљ Исмаили и Мирослав Јовановиќ.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи