Седници на три собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат собраниските комисии за финансирање и буџет и за европски прашања и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи 25 седница на чиј дневен ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, во второ читање.
Членовите на Законодавно-правна комисија и Комисијата за европски прашања ќе расправаат за предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и на Законот за воведување систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, како и за предлозите на законите за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, за управување со дополнителни текови на отпад.
Дополнително, Законодавно-правната комисија ќе ги разгледува и предлозите на законите за управување со отпадот и за управување со пакување и отпад од пакување, како и за Барањето за давање автентично толкување на член 19 став 1 точка 4 во врска со Член 18 став 1 и член 83 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, поднесено од градоначалникот на Општина Чашка.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
