Седум милиони евра од ЕУ и СЗО за вакцинација на западен Балкан
Европската Унија и Светската здравствена организација (СЗО) започнуваат проект вреден седум милиони евра за вакцинација на населението на западен Балкан, соопшти денеска Европската Комисија.
-Со овој нов проект за поддршка на кампањите за вакцинација на западен Балкан, во партнерство со СЗО, ЕУ продолжува да ги исполнува своите ветувања за поддршка на нашите партнери во справувањето со пандемијата. Овој проект го надополнува пакетот од 70 милиони евра за присап до вакцини за регионот, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Целта на овој нов проект на ЕУ и СЗО е да ги подготви земјите од регионот за ефикасен прием и администрација на вакцините против Ковид-19, кои ќе пристигнат преку Ковакс или преку механизмот на ЕУ за споделување на вакцините.
Европската Унија се надева со оваа иницијатива исто така да ја помогне ефикасноста на здравствените системи во регионот “преку придвижување кон одржливо финансирање на универзално здравствено осигирување“.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
