Седум сообраќајки во Скопје, двајца полесно повредени

Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно седум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и два возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување.
Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 12 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени вкупно седум возачи, од кои еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување, како и шест нерегистрирани возила.
Затекнати биле 84 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 78 возила.
Ново на Сител
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
