-->
-->
Седуммина загинати во поплавите во Иркутската област
-->

Седум лица загинаа, а девет се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија руската Иркутска област, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на регионалните служби за вонредни состојби.
Според агенцијата, меѓу загинатите има и едно дете, а 153 лица се префрлени во болница.
Силните дождови предизвикаа поплави во Иркутската област, во која се поплавени повеќе од 4.000 згради.
Рускиот претседател Владимир Путин, по враќањето од самитот на Г-20 во Осака, допатува во градот Братск во Иркутската област, каде што е прогласена вонредна состојба, поради поплавите.
Путин рече дека куќите, училиштата и болниците мора да бидат обновени во најбрз можен рок, за луѓето да не ја дочекаат зимата на улица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
