Седумнаесет загинати во новите судири во Јемен
Во вториот по големина јеменски град, Аден, од денеска се воведува полициски час. Мерката се воведува по судирите меѓу вооружените џихадистички групи во кои загинаа 17 лица, и притоа се изврши и убиство на еден истакнат свештеник, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на јеменските државни медиуми и извори од силите за безбедност.
Мерката ќе стапи на сила од 20 часот (17 часот по Гринич) до 5 часот изутрина ( 2 часот во Гринич, согласно одлуката на Комисијата за безбедност на провинцијата Аден.
Утринава во Аден беше застрелан умерениот суфитски имам, шеикот Али Отман, а убиството им се препишува на припадници на Исламска држава.
На едно од пристаништата во Аден, Ал Муала, вчера имаше вооружени судири во кои загинаа 17 лица, а деветмина од нив били членови на безбедносните сили, вклучувајќи и еден полковник. Во судирот биле убиени и осум напаѓачи.
Вооружените мажи го опколиле пристаништето во обид да ги избркаат безбедносните сили. Избувнале судири кои траеле неколку часа, како резултат на тоа владините сили ги протерале напаѓачите.
Локалните жители велат дека во Аден има исклучителен наплив на вооружени мажи, но не знаат на кои групи им припаѓаат.
Џихадистите, вклучувајќи ги припадниците на Ал Каеда и Исламска држава, го користат хаосот, што е резултат на ескалацијата на борби во Јемен од март годинава, за да си ги зајакнат своите позиции во земјата, особено на југ, забележуваат француските меидуми.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг