-->
-->
СЕХА: Вардар со победа над Татран остана лидер
-->

Ракометарите на Вардар остварија победа на гостувањето во Словачка кај Татран Прешов со 28:27 и со тоа го задржаа првото место во СЕХА лигата. Во неизвесна завршница „вардарци“ стигнаа до триумф и три бодови. Вардар на полувреме водеше со 15:14, а во вториот дел македонскиот првак водеше и со четири голови разлика 19:15. Но домаќинот Татран успеа да изедначи на 22:22 и до 54.минута двете екипи се менуваа во водството. Лука Циндиќ и Сергеј Горбок со по 6 голови беа најпрецизни за Вардар, додека Мијајло Марсениќ постигна четири голови без промашување во клучните моменти.
Табела: Вардар 31 бод, ППД Загреб 27, Татран Прешов 27, Веспрем 25, Мешков Брест 21, Нексе 18, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
-

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор
