„Секој ден го лажам сопругот за да ни опстане бракот“ - жени, никогаш не му го признавајте ова!
Искреноста е приоритет кај поголемиот број парови поради нивниот љубовен однос, но тоа не спречува секојдневно да изговараме мали бели лаги.
Блогерката Луси Кларк одлучила искрено да проговори за лагите кои жените им ги кажуваат на своите сопрузи, за да ја зачуваат хармонијата во својот брак.
Еве кои се тие:
1. „Сексот беше фантастичен“
Не можете да побарате повеќе од жена со две деца и работа. Не уживам во сексот како некогаш, но нему го усреќува помислата дека е секс- машина, па го пуштам да верува во тоа.
2. „Уште си ми секси“
Тој веќе не е момчето за кое се омажив. Можеби на некој друг му е најзгоден фраер, но мене дефинитивно не ми е и се помирив со тоа.
3. „Ми се допаѓа твојот подарок“
Мојот сопруг не знае да донесе разумна потрошувачка одлука. Не можам да се сетам на некој подарок кој не бил разочарувачки.
4. „Ја сакам храната која ти ја готвиш“
Не, не ја сакам, има одвратен вкус. Мојата храна има целосно подобар вкус и изгледа поубаво, но кога ти готвиш значи дека јас не морам и тоа навистина го ценам.
Ново на Сител
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција
-
Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц: Преживеаните зборуваат, светот да слуша
-
Бела куќа: Колумбија се согласува со условите за депортација на мигранти
-
Лукашенко го освои седмиот мандат со 87,6 отсто од гласовите
-
Сончево со мала до умерена облачност, магла по котлините
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош