Секуловиќ нема прецизни информации во моментот дали се разменети сите информации на двете МВР за бегството на Груевски
Генерално во однос на размената на информациите соработката е одлична на МВР на С Макеоднија и на Црна Гора. Во текот на 2020 година помеѓу Националните бироа на Интерпол се разменети околу 540 информации, а Секторите на криминалистичка полиција или Секторите што се занимаваат со организиран криминал имаа низа успешни акции, размената на податоци за миграциите и реадмисиите функционира одлично. Тоа е реалноста на односите помеѓу С Македонија и Црна Гора.
Ова го изјави црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ, на прес-конференцијата по денешната работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На новинарско прашање дали се разменети информации за бегството на Никола Груевски, Секуловиќ одговори дека во овој момент не може јасно да одговори, бидејќи, како што рече, нема прецизни информации.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена