Села: Мерко гради викендички во Ливадиште на земјиште на ЕСМ
Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците преку социјалните мрежи објави слики за кои вели дека се нови дивoградби на брегот на Охридското Езеро. Лидерот на АА за изградбата на овие дивоградби ги обвини струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговите роднини.
- Исклучително алармантно бетонирање на брегот на Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО. Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија, напиша на Фејсбук лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен