Џет-Сет
12. August 2016 - 9:07

Селена Гомез: Мажите мислат дека е глупаво да бидат со мене

Убавата пејачка Селена Гомез блесна на насловната страна на австралиското издание на „Воуг“, во кое проговори за нејзините љубовни проблеми.

- Некое време, мојот приватен живот беше единствено за што се раскажуваше. Никој не може да знае се, но луѓето и така ќе претпоставуваат. Сакаш да го правиш она што го сакаш, но сето тоа останува во сенка, па луѓе потешко те дфаќаат сериозно, започна 24-годишната Селена, навраќајќи се на нејзината повеќегодишна врска со Џастин Бибер.

 

Но, љубовната приказна со младиот Канаѓанец е дел од минатото, па Селена целата своја енергија ја насочи во нејзината нов албум. 

Таа призна дека моментно нема време за нова љубов, но тоа не ја спречува да се забавува.

Исто така, откри дека славните момци не се нејзин тип, бидејќи „сите други се подобри“.

 

- Мислам дека мажите сметаат дека е глупаво да бидат со мене. Никој не сака да се доведува во ситуација да има љубовна врска, која е толку јавна, заклучи таа.