Селмани: Реформата во МТВ да не се сведе на меѓупартиски пазар и договор
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани после изборот на директори на јавниот радиодифузен сервис, денеска изјави дека стравува оти реформата во МРТ ќе се сведе на меѓупартиски пазар и договор.
- Што се однесува до прашањето за изборот на старо-новиот директор на МТВ навистина ми е жал што се испушти една златна можност, неповторлива би рекол, да покажеме дека ние како општество имаме капацитет да се соочиме со предизвиците. Очигледно притисокот на партиите беше голем. Имавме контакти со членовите на Програмскиот совет, има расположение да разговара, меѓутоа, кога се вмешаа партиите, тогаш луѓето се повлекоа, рече Селмани.
Според него, се покажува дека луѓето во Македонија повеќе покажуваат лојалност кон партијата на која и припаѓаат отколку на јавниот интерес и на интересот на граѓаните.
- Она што мене најмногу ме загрижува е што не гледам критична маса во политичкиот естаблишмент, дали се тоа од власта или од опозицијата, сериозно да ги сфатат медиумските реформи. Јас стравувам дека од медиумските реформи, реформата во МРТ ќе се сведе на меѓупартиски пазар и договор, рече Селмани.
ЗНМ, додаде тој, ќе го следи процесот и веднаш ќе реагира секогаш кога ќе смета дека тие решенија не се согласно европските стандарди и интересите на граѓаните.
- Ние силно вршиме притисок јавниот сервис да се осамостои, да се ослободи од политичката контрола, а од друга страна бараме и секако финансиска одржлива конструкција која што ќе му овозможи на јаваниот сервис да ги исполни обврските, рече Селмани, по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман