Семејна драма во Црниче со трагичен епилог: Син го избоде својот татко

Крвава семејна драма се случувала синоќа на улицата „Чедомир Кантарџиев“ во Скопје, кога син со остар предмет до смрт го избодел својот татко.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен во 22 часот и 15 минути од страна на сосетката која слушнала како нејзините соседи се тепаат, но и бараат помош.
Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што е констатирано дека имало семејна расправија помеѓу 68-годишниот Љ.Т. и неговиот син, 41-годишниот И.Т. Полицијата, таткото го пронашла како лежи со убодни рани, а смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Сведок на крвавиот настан била сопругата на убиениот маж. Таа рекла дека додека со Љ.Т. седеле во дневната соба, дошол синот кој ја скршил влезната врата, влегол внатре, по што неа ја избркал од собата и започнал татка си да го влече. Набрзо потоа му нанел неколку убодни рани со остар предмет, по што избегал.
Во текот на ноќта, синот се јавил во Ургентниот центар за укажување лекарска помош поради расекотина која ја имал на левата рака, по што бил приведен од страна на полицијата.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на убиството.
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
