Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава

Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви.
„Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени (од обвинителството)“, потврди адвокатот Ромен Жордан, пренесоа британските медиуми.
Тој не прецизираше против кого е поднесена тужбата, наведувајќи само дека е насочена „против сите одговорни, без исклучок“.
Кривичната истрага за пожарот во Кран Монтана досега ги вклучува само сопствениците на барот, кои се осомничени за кривични дела, вклучително и убиство од небрежност.
Остануваат прашања во врска со причината за пожарот и користените безбедносни процедури.
Обвинителството на кантонот Вале не одговори на барањето за коментар.
МИА
Ново на Сител
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
-

Се уште не се знае по кој модел ќе се гради Чебрен и Галиште
-

Во Прилеп се чистат речните корита за да се спречи нивно излевање
-

Во очекување на корекција на цената, оризарите протестот го ставија во мирување
-

Свеста за органодарителството сеуште на ниско ниво
