Сенатот постигна договор: Завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на парализата на буџетот што блокираше дел од јавните услуги рекордни 40 дена, јавија неколку медиуми.
Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, јавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз.
Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до Претставничкиот дом. Доколку и Претставничкиот дом ја прифати, предлогот ќе биде испратен до Доналд Трамп за негов потпис.
Овој чекор напред води кон нормализација на ситуацијата, со оглед на тоа што функционирањето на воздушниот сообраќај и исплатите на социјална помош во моментов се нарушени, а стотици илјади вработени се на технички штрајк или работат без плата од 1 октомври.
– Можеме да кажеме дека се приближуваме кон крајот на блокадата на владата, изјави претседателот Доналд Трамп пред новинарите враќајќи се во Белата куќа по викендот поминат во неговата резиденција во Флорида.
Според пратениците, договорот треба да овозможи продолжување на исплатата на социјална помош за 42 милиони Американци која беше прекината поради блокадата на буџетот, враќање на работа на илјадници владини службеници и исплата на плати, како и гласање за продолжување на програмата за здравствено осигурување што истекува на крајот од оваа година.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека жали што здравствената заштита е тема на гласање, а не директно на усвојување. „Таа борба ќе мора да продолжи“, рече тој на седницата на Сенатот.
Поради парализата на буџетот што влијаеше на контролата на воздушниот сообраќај, вчера во САД беа откажани повеќе од 2.700 летови, а 10.000 беа одложени, соопшти FlightAware. Аеродромите Њуарк и Ла Гвардија во Њујорк, О’Хара во Чикаго и Хартсфилд-Џексон во Атланта се особено погодени.
Министерот за транспорт Шон Дафи вчера предупреди дека продолжувањето на блокадата на буџетот може да ги влоши работите со приближувањето на Денот на благодарноста. „Воздушниот сообраќај ќе биде намален на минимум додека сите сакаат да патуваат за да го посетат семејството“, предупреди тој.
Враќањето на воздушниот сообраќај во нормала може да потрае неколку дена по деблокирањето, додека федералното финансирање, кое ги вклучува платите, повторно не се нормализира.
МИА
Ново на Сител
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
-

Врнежи од дожд, на планините снег
